Балкан

„Вакцинацијата не му штети на репродуктивното здравје“

Вакцинацијата против вирусот корона не предизвикува никакво штетно влијание врз репродуктивното здравје, изјави денеска директорката на Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ), Едита Стокиќ, потенцирајќи дека ова е најчестата дилема кај младите кога станува збор за имунизација .

Таа за ТВ Пинк изјави дека некои пациенти кои имаат болест на тироидната жлезда или дијабетес се сомневаат во која вакцина да примат и рече дека тоа е „првото што треба да се прими“.

“Овие болести не се контраиндикација за вакцинација, туку напротив, вакцинацијата треба да се спроведе со цел да се заштитат овие пациенти од болеста. И секоја вакцина ги постигнува ефектите што ги очекуваме, а тоа е активирање на имунитетот”, рече Стокиќ .

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни