Фаик Арслани кога дошол на функција в.д. претседател на Врховен суд во кабинетот на поранешниот претседател Јово Вангеловски пронашол околу триесет стари предмети за кои имало донесено судски одлуки а се чувале во фиоките во судот.
Арслани истакна дека донел одлука секој предмет посебно да се преразгледа и да се донесат соодветни одлуки што да се прави, бидејќи таквите предмети не можеле да се верифицираат бидејќи е поминато многу време.
Арслани додаде дека не станува збор за предмети за приведување туку за предмети кои биле во фаза на завршена работа.