Варен сок од домат ќе ви го чува здравјето до пролет – еве како да приготвите

Есента полека доаѓа, а време е да се подготви омилената зимница. Ви пртставуваме рецепт за доматен сок кој ќе ве одржува здрави во текот на студените месеци кои претстојат.

Состојки:

50 кг домати
10 лажици сол
2 лажици шеќер
2 кесички конзерванс
20 г мелен бибер
2-3 пиперки
1 лист од першун
1 лист целер

Подготовка:

Измијте ги доматите. исчистете ги и смелете ги со машина за мелење домати. Добиениот сок од домат ставете го во големо тенџере. Потоа ставете го на средна температура да се вари. Додадете ги листовите першун и целер. Ставете ги цели, неисчистени измиените пиперки. По желба, може да ставите и некоја лута пиперка. Ставете шеќер, бибер и сол. Солта додавајте ја постепено спред вкусот.

Пред самиот крај додадете го и конзервансот. Сварете го малку. Вкупно варете околу 90 минути. Кога ќе помине предвиденото време, извадете ги пиперките и листовите и додека е жежок сокот веднаш претурете го во шишиња и затворете ги со метални чепови. Свртете ги наопаку шишињата да стојат на капачето околу десет минути. Потоа вратете ги во нормална положба.

Што му прави доматот на телото?

Доматот има витамин А, па со тоа кожата и косата ги прави сјајни. Помага и да се спречи настанување песок во бубрезите, а намалува и хронични болки, се бори и со воспаленија.

Нема скроб, нема калории, полн е витамини и вода, па добар е и за диета.

Полн е и со антиоксиданси.

Богат извор е на витамини Ц, К, Б9, калиум, а има и Б1, Б3, Б6 и магнезиум, фосфор и бакар.

Една порција или 150 грама имаат два грама влакна, седум посто од дневната количина.

Има 0 масти, 1 грам протеини и шест милиграми натриум.

Ликопенот е најздравиот дел на доматот и помага да се спречи рак, за елиминирање холестерол, за здравје на коските, имунитет.

Постојат неколку клучни придобивки поради кои би требало секој ден да пиете по една чаша сок од домати.

Полн е со витамини

Свежиот сок од домати е одличен природен извор на витамините А и С. Со редовна консумација на нивниот сок ќе спречите појавување на некои болести кои се поврзани со видот, ќе го зајакнете имунитетниот систем и ќе ви го одржи здравјето. На забите и коските.

Го намалува холестеролот

Поради неправилниот начин на исхрана, сè повеќе луѓе има со зголемено ниво на холестерол во крвта. Сокот од домати е богат со хранливи влакна кои го зголемуваат нивото на добриот холестерол, а го намалуваат нивото на лошиот холестерол.

Ослободува од отрови

Човечкото тело, за жал, стана складиште за токсини и разни адитиви со кои е преполна храната која ја јадеме. Доматите содржат хлорин и сулфур кои ја потпомагаат работата на црниот дроб и бубрезите. Затоа доматите се најдобар плод за детоксикација.

Ја стимулира работата на цревата

Милиони луѓе во светот имаат проблеми со цревата. За тоа најмногу помага сокот од домати. Со негова редовна консумација се олеснува варењето на храната во организмот и заштита од појава на запек.

Помага при слабеењето

Редовната консумација на сок од домати поттикнува хидратација на организмот, а хранливите влакна кои ги има во сокот даваат чувство на ситост, кое помага ако сте на диета. Исто така, го снабдува телото со сите потребно хранливи состојки, па прави сите метаболички процеси во организмот да се одвиваат како што треба.

Штити од срцеви болести

Доматот е богат со витамин Б6, па неговиот сок е најдобро средство за превентива кога се во прашање срцевите заболувања. Се смета дека витаминот Б6 ги уништува хомоцистенот, аминокиселина која ги оштетува крвните садови и со тоа придонесува за срцеви заболувања.

Го подобрува тенот

Сокот од домати може да го пиете, но и да го ставите директно на кожа, однадвор. Покрај тоа што има осветлувачки ефект кој спречува појава на акни, ги отстранува флеките на кожата и ги затвора порите.

Ги уништува слободните радикали

Со пиење на само една чаша сок од домати дневно, спречувате појава на слободни радикали во телото. Тие се штетни молекули кои во крајна линија може да доведат до појава на рак. Со оглед на тоа што доматот е одличен природен извор на антиоксиданси, ги запира и појавата и дејството на слободните радикали.

Го спречува заболувањето од рак

Доматите се одличен извор на ликопен кој спречува појава на неколку облици рак, вклучувајќи го и ракот на белите дробови, ракот на дојка, простата, црева и ракот на панкреас.

Сите овие резултати се доволни за да почнете да пиете чаша сок од домати секојдневно.