Ватикан: Папата Франциск мина мирна ноќ во болница

Папата Франциск, кој е во критична состојба во болница поради билатерална пневмонија, добро спиел во текот на ноќта, соопшти утрово Ватикан.

Папата беше примен во болница во Рим на 14 февруари поради тешка болест која предизвика и други здравствени проблеми, објави Ројтерс.

Во понеделникот Ватикан објави дека состојбата на папата и понатаму е критична, но дека има „маргинално подобрување“, додавајќи дека „благата бубрежна инсуфициенција“, која првпат беше пријавена во текот на викендот, не е причина за загриженост.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното