Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
Македонија

Важни информации за граѓаните пред почетокот на грејната сезона

Важни информации за граѓаните пред почетокот на грејната сезона

Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2026/2027 година за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ.

Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и пред 15 октомври, односно во периодот од 1 до 15 октомври, доколку прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден изнесува 12°C или пониско, врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија, во согласност со одлуките на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и прогнозите за средната дневна температура од УХМР.

Апел до потрошувачите за навремена подготовка на грејната сезона

Со цел грејната сезона да започне и да се одвива непречено, ги потсетуваме и ги повикуваме сите корисници навремено да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации, бидејќи редовното одржување е нивна обврска. Завршените интервенции треба веднаш да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи, со што ќе се овозможи непречено снабдување со топлина.

За функционирање на системот, потребно е да се обезбеди пристап на службените лица до топлинските потстаници, како и редовно електрично напојување на топлинските потстаници. Апелираме до заедниците на сопственици навремено да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници и да проверат дали електричните инсталации се функционални.

Навременото одржување на внатрешните инсталации, обезбедувањето непречен пристап до топлинските потстаници и редовното електрично напојување се од заеднички интерес и придонесуваат за сигурна и непречена испорака на топлинска енергија.

Сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на објекти без услови за испорака на топлина на следниот линк: Затворени објекти – ЕСМ Снабдување.

За информации, пријава на дефекти и известување за завршени интервенции, потрошувачите можат да се обратат на:

  • Центар за грижа на потрошувачи: 02 3076 200 и 075 400 100
  • Служби на ЕСМ Енергетика: 02 3104 816 и 02 3104 872

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни