Важни информации за сите пријавени граѓани кои сé уште не добиле термин за имунизација

Околку 64.000 граѓани на возраст од 40 – 59 години се пријавени на веб – страницата за имунизација, а сé уште немаат термин кога да се појават на пунктовите. Над 40.000 граѓани на возраст од 60 години исто така чекаат термин за имунизација.

Од Министерството за здравство велат дека сите тие граѓани почнувајќи од следната недела, во рок од 20 – тина дена ќе бидат имунизирани со онаа доза што е достапна.

Во земјава моментално достапни се “Синовак” , “Фајзер” и “Астра Зенека” , а тече и ревак*инацијата со кинеската Синофарм. Во петок се очекуваат да стигнат нови 100.000 дози од производителот Фајзер.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното