Свет

Вдовицата на Навални тврди дека тој бил отруен, а Русија го крие неговото тело

Вдовицата на Навални тврди дека тој бил отруен, а Русија го крие неговото тело

Сопругата на Алексеј Навални објави видео изјава за смртта на нејзиниот сопруг.

Јулија Навалнаја ги обвинува руските власти дека го кријат неговото тело додека чекаат „да исчезнат трагите од уште еден новчок на Путин“.

„Мојот сопруг не можеше да биде скршен. И токму затоа Путин го уби. Срамен, кукавички, не се осмелува да го погледне во очи или едноставно да го каже неговото име“, вели таа.

„И како гнасни и кукавички сега го кријат неговото тело, не го покажуваат, не и го даваат на мајка му и патетично лажат и чекаат таму да исчезнат трагите на уште еден новиќок на Путин.

Таа, исто така, вети дека ќе ги именува оние кои биле вклучени во неговата смрт и зошто бил убиен.

Кремљ негираше вмешаност во неговата смрт.

„Сакам да живеам во слободна Русија, сакам да изградам слободна Русија. Ќе ја продолжам работата на Алексеј Навални“, вели таа.

Повикувајќи ги неговите поддржувачи да преземат акција, таа додава: „Ве повикувам да застанете до мене. Ве замолувам да го споделите бесот со мене. Бес, гнев, омраза кон оние кои се осмелија да ја убијат нашата иднина“.

Нејзините коментари доаѓаат откако портпаролот на Навални рече дека неговата мајка и адвокатот биле спречени да го видат неговото тело во мртовечница утринава.

Г-дин Навални, кој беше најистакнатиот опозициски лидер во Русија, беше зад решетки откако се врати во Москва по закрепнувањето во Германија од труење со нервен агенс во 2021 година.

Тој почина во петокот во казнена колонија на Арктикот, а властите тврдат дека колабирал по прошетка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни