Во вечерашното издание на емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ гости ќе бидат универзитетскиот професор и научник Миодраг Лабовиќ и поранешната претседателка на Државна комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.
Во емисијата ќе се отвори дебата за тоа дали Македонија може да стане функционална држава, преку судир на идеи и ставови за потребните системски промени.
Професорот Лабовиќ ќе говори за конкретен план за системски реформи, кои опфаќаат уставни измени и воведување дигитални механизми во борбата против корупцијата.
Ивановска, пак, ќе даде директни оценки за причините поради кои институциите, според неа, често не испорачуваат правда, како и за тоа дали обвинителството претставува „тесно грло“ во системот.
Во разговорот ќе стане збор и за трагедиите кои, како што се посочува, го разоткриваат функционирањето на системот, за политичките притисоци врз институциите, но и за прашањето – има ли излез од актуелната состојба.
