Како што пренесува шпанска Марка, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо внимава да не пропушти ништо за своето многудетно семејство, па секој месец уплаќа голема сума на сметката на неговата животна сопатничка Георгина Родригез.
Убавицата, која во последните неколку месеци беше во центарот на вниманието на јавноста поради документарната серија на Нетфликс за нејзиниот живот (Soy Georgina), се грижи за куќата и децата додека спортистот е во карантин, патува и слично, но Роналдо не остава ништо на случајноста. Поради тоа фудбалерот наводно одвојува и по 100.000 евра месечно за Георгина без грижа да ги покрие сите трошоци околу децата.
Според шпанскиот спортски весник, Роналдо бил спречен да се грижи за децата поради честите патувања, па Георгина и тој постигнале договор таа да биде задолжена за тоа.
Парот моментално чека близнаци, а веќе подготвиле соба за бебиња и дале повеќе од 20.000 евра за нејзино украсување.
View this post on Instagram
Георгина неодамна предизвика негативни реакции кога изјави за Форбс Еспања дека не зема пари од Роналдо.
– Што се однесува до парите, претпочитам да не зборувам колку милиони имам на сметката – рече таа и додаде дека не би земала ни денар од својот партнер.
– Пресреќна сум што сум партнерка на Кристијано Роналдо, го обожавам и се чувствувам среќна. Свесна сум дека тоа што сум негова девојка ми дава многу можности, но напорно работев за да го стекнам и изградам она што го имам во банка – изјавила Георгина.
View this post on Instagram
Инаку, таа заработува од рекламни кампањи, како и од активности на Инстаграм каде ја следат повеќе од 36,6 милиони луѓе.
Георгина и Кристијано моментално очекуваат близнаци, а во 2017 година парот ја доби ќерката Алан. Заедно се грижат за синот на фудбалерот, Кристијан Џуниор кој го доби со неименувана Американка која се откажа од старателството и близнаците Ева и Матео кои Роналдо ги доби со помош на сурогат мајка.
Тие се запознале додека Георгина работела во продавницата на модната куќа Гучи во Мадрид, а неколку дена подоцна се запознале на забава од овој бренд, од кога се неразделни.
