Специјални велигденски декорации, празнична атмосфера и интересни содржини за најмладите ги очекуваат посетителите на Дајмонд мол во периодот од 18 до 22 април.
Во рамки на содржините кои го симболизираат велигденското празнување, на 18 април од 17.30 до 19.30 часот и на 19 април од 12.30 до 14.30 часот, ќе бидат организирани детски работилници за цртање на велигденски мотиви и креативно украсување на детските лица. Во истиот овој период, најмладите ќе имаат можност и да се запознаат и фотографираат со велигденското зајаче.
Покрај овие активности, посетителите ќе можат да создадат спомени и да се фотографираат во велигденскиот амбиент, секој ден од 12.00 до 20.00 часот, до 22 април. Незаборавните моменти во форма на фотографии ќе бидат достапни на профилите на Дајмонд мол на социјалните мрежи.
Велигденската програма на Дајмонд мол е дел од низата активности што трговскиот центар им ги нуди на своите посетители, овозможувајќи им нови и поинакви искуства. Во комбинација со уникатниот концепт што го има молот и понудата на врвни шопинг и гастрономски искуства, овие содржини го прават Дајмонд мол едно од омилените дестинации за уживање во различни прилики, особено со семејството и со пријатели.