Велика Британија и нејзините партнери од Г7 ја разгледуваат можноста за употреба на руски средства за обнова на Украина, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трус, пренесе Ројтерс.
„Потребен ни е нов Маршалов план за обнова на Украина и штотуку разговаравме за тоа на состанокот на Г-7 со моите колеги. Размислуваме што можеме да направиме за да ги искористиме руските средства за да го обезбедиме она што е потребно за ова.“, изјави Трас за радиото Тајмс.