Вељко Ражнатовиќ отсекогаш имал само најдобри зборови за својата мајка, познатата Светлана Цеца Ражнатовиќ, но сега откри и дека малку го „нервира“.
„Цеца е многу грижлива, го размази Жељко, за разлика од Богдана и јас, кои сме малку построги. Го испраќаме кај мајка ми два дена и тој се враќа невозможен. Таа го размази во се. Не беше толку попустлива кон мене“ посочил Вељко за „Пинк.рс“.
На прашањето за можно проширување на семејството со Богдана, тој вели:
„Работиме на тоа, нема запирање. Би сакал да имам пет или шест деца. Сите Срби треба да работат на зголемување на наталитетот, за да не има што е можно повеќе, да не исчезнеме како нација“.
