Правилото – за вкусови не се дискутира е на есто, но оваа венчаница предизвика многу коментари и некои од нив се дека е навистина грда, бизарна и дека жените кои ја носат изгледаат евтино.
Многумина пак ја пофалија, сметаат дека е оргинална и прекрасна и веруваат дека во иднина многу невести ќе се осмелат истата да ја носат на најбитниот ден од својот живот.
За оваа единствена венчаница некои велат дека треба да се продава со предупредувањето: „Не е за луѓе со слабо срце!“.
Светот полудe по новиот моден хит: Се повеќе невести го бараат овој детаљ на своите венчаници кој е многу практичен
Совршен фустан за совршениот ден е сон на секоја невеста. Кога планираат како ќе им изгледа венчаницата, многу невести се одлучуваат за практичен фустан и затоа не е зачудувачки фактот што некои од нив избираат модел со џебови.
Џебовите полека почнаа да ги освојуваат сите, па така стигнаа и до венчаниците. Се поголем број дизајнери одлучуваат да ги додадат во своите креации, а некои веруваат и дека овој тренд ќе продолжи и понатаму.
Овие џебови се совршени за мобилен телефон, кармин за уста или марамчиња кои секоја невеста сака да ги има покрај себе. Некои невести ги користат овие џебови и за да ги одморат своите раце или за да ги чуваат парите.