Венс и Зеленски се сретнаа: „Мора да подготвиме план да го запреме Путин“

Соединетите држави имаат за цел „траен мир“ во Украина, „мир што нема да ја втурне Источна Европа во конфликт за само неколку години“, рече американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во петокот, кој се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Венче и Зеленски, кои се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција, им рекоа на новинарите дека имале „добар разговор“.

Венс рече дека ќе следат понатамошни разговори „во деновите, неделите и месеците што доаѓаат“.

„Треба да разговараме повеќе, да работиме повеќе и да подготвиме план за да го запреме (рускиот претседател Владимир) Путин“, рече Зеленски по средбата на маргините на конференцијата.

Тој додава дека Украина „многу“ сака мир – но има потреба од вистински безбедносни гаранции, велејќи дека е „благодарен“ за американската поддршка.

Запрашан како САД планираат да напредуваат ако Украина не е подготвена да седне на маса со Путин, Венс рече дека во преговорите е вклучен висок тим и дека „важно е да се собереме“ за да разговараме, додавајќи дека тоа е сè што ќе каже засега.

Многу меѓународни претставници собрани на Минхенската безбедносна конференција нетрпеливо ги очекуваа деталите за состанокот, кој се одржа во петокот доцна попладне.

Зеленски беше меѓу првите лидери кои се обратија на конференцијата во Минхен, поставувајќи ги своите услови по американскиот притисок за решавање на војната.

„Ќе се сретнам само со еден Русин, Путин, и само откако ќе се договориме за заеднички план со (американскиот претседател Доналд) Трамп и Европа. Тогаш ќе седнеме и ќе ја прекинеме војната. Подготвен сум да се сретнам само во тој случај“, изјави претходно Зеленски на прес-конференцијата.

Во својот говор, Венс очекувано не ги презентираше деталите од мировниот план за Украина, туку го искористи говорот за да ја критикува Европа за нарушување на слободата на говорот на нејзините граѓани и непочитување на волјата на гласачите.

Трамп ги вознемири сојузниците пред неколку дена кога разговараше со рускиот лидер Владимир Путин и најави почеток на преговорите.

Зеленски инсистира на тоа дека САД, Европа и Украина мора да имаат заеднички став пред разговорите со Москва, а Европската унија го предупреди Вашингтон дека не може да се постигне договор со Путин зад грбот на Стариот континент.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното