Венс: Русија одбива да учествува во преговорите за прекин на војната против Украина

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денес изјави дека Русија отфрла каков било формат на преговори за прекин на војната против Украина.

„САД остануваат посветени на мирот, но за жал, во текот на изминатите неколку недели видовме дека Русите одбиваат да учествуваат на какви било билатерални состаноци со Украинците. Тие одбиваат да учествуваат на какви било трилатерални состаноци каде што претседателот на САД (Доналд Трамп) или други членови на администрацијата би можеле да седнат на преговарачка маса со Русите и Украинците“, изјави тој за Фокс њуз.

Тој нагласи дека ставот на САД е активно стремење кон мир уште од „самиот почеток на администрацијата на претседателот Трамп“.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.