Живот

Верниците утре го слават празникот Голема Богородица – ден посветен на мајките и жените

Верниците утре го слават празникот Голема Богородица – ден посветен на мајките и жените

Утре е Голема Богородица, позната и како Успение на Пресвета Богородица, и е еден од најголемите христијански празници. Се одбележува на 28 август, кога завршува и двонеделниот Богородичен пост.

Празникот го означува преминот на Богородица во вечниот живот и нејзиното вознесение кон Спасителот. Според преданијата, таа до крајот на својот живот живеела во Ерусалим, опкружена со апостолите и првата христијанска заедница.

Иконите кои го прикажуваат Успението ја претставуваат Богородица положена на кревет, со апостолите околу неа и Христос кој ја прима нејзината душа во облик на дете, опкружено со светлина и ангели.

Овој ден е особено значаен за жените и мајките, кои традиционално се причестуваат по завршувањето на постот. Во народната традиција, пак, се верува дека токму во овој период билките имаат најголема исцелителна сила.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни