Вештачката интелигенција помага во откривање на срцеви заболувања кај луѓе без симптоми

Нова алатка за вештачка интелигенција во Обединетото Кралство открива срцеви заболувања кај луѓето пред да имаат симптоми, објави германската новинска агенција dpa.

Алатката ги пребарува медицинските досиеја за знаци кои укажуваат на ризик од развој на атријална фибрилација.

Еден поранешен полицаец, кој учествуваше во тестирањето на алатката, рече дека е „навистина благодарен“ што му била откриена атријална фибрилација. Џон Пенгели рече дека сега му требаат само „неколку апчиња на ден“ за да го намали зголемениот ризик од потенцијално фатален мозочен удар.

Атријалната фибрилација е состојба во која срцето чука неправилно и често многу брзо, што доведува до зголемен ризик од мозочен удар.

Кај некои луѓе може да предизвика палпитации, вртоглавица, отежнато дишење и чувство на замор.
Меѓутоа, други немаат симптоми и не се ни свесни дека отчукувањата на срцето им се неправилни.

На околу 1,6 милиони луѓе низ Велика Британија им е дијагностицирана атријална фибрилација. Но, Британската фондација за срце (БХФ) рече дека веројатно има илјадници луѓе во земјата кои не се свесни дека имаат атријална фибрилација бидејќи не им била дијагностицирана.

Кога состојбата е откриена и третирана рано, ризикот од мозочен удар може да се контролира и намали.

Новата алатка за вештачка интелигенција што се тестира се нарекува „Find-AF“ и е финансирана од добротворната организација BHF и Leeds Hospitals.

Алгоритмот е развиен од научници и лекари од Универзитетот во Лидс и британската јавно здравствена фондација „Лидс Течинг Болниците“.

Тие создадоа алатка која користи анонимни медицински досиеја собрани од повеќе од 2,1 милиони луѓе за да пронајдат индиции кои укажуваат на ризик од развој на атријална фибрилација.

Алатката потоа беше потврдена со медицинските досиеја на дополнителни 10 милиони луѓе.

Експертите проценуваат колку е ефикасно да се пронајдат луѓе кои се изложени на ризик да ја развијат оваа состојба во следните шест месеци, на кои потоа им се нуди дополнително тестирање за ризик од мозочен удар.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното