СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.И.(58) од с.Лакавица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во јуни и јули 2024 во негов продажен објект во Гостивар, пријавениот довел во заблуда едно лице од кичевско дека до средината на септември ќе му набави и достави стока за што му зел 4.100 евра, но до пријавувањето не го сторил ветеното.