На протестниот марш кој вечерва се одржа во Скопје под мотото „Доста бевме ние, системот е следен!“ присуствуваа 10.000 луѓе. Оваа бројка ја потврдија организаторите од „Кој е следен?“ откако го прогласија за завршен протестниот марш.
Маршот започна со 16 минутен молк во 18 часот и 59 минути, во симбол на 59-те жртви во пожарот во Кочани, на плоштадот Македонија, па продолжи пред Собранието и Владата кадешто се одржаа говори.
Со аплауз беа поздравени сите повредени лица кои се хоспитализирани во болницата Наум Охридски во Скопје.