Во сообраќајна несреќа на Тајланд загинаа 18 лица кога двокатен автобус со 49 луѓе, меѓу кои и претставници на локалната власт, излетал од патот додека се симнувал по падина во провинцијата Прачин Бури, источно од главниот град Бангкок.
„Седумнаесет лица беа пронајдени мртви на местото на настанот, а уште едно им подлегна на повредите во болница“, каде што беше пренесен, изјави полициски службеник.
Тајланд е познат по сообраќајните несреќи што секоја година се забележуваат на неговите патишта, поради лошата состојба на инфраструктурата, употребата на небезбедни возила и опасните практики на многу возачи.
Околу 20.000 луѓе годишно умираат во сообраќајни несреќи во кралството на Југоисточна Азија, со други зборови околу 50 дневно, додека населението малку надминува 70 милиони жители, според бројките на Светската здравствена организација (СЗО) за 2023 година.
Во октомври, во пожар што избувна во училишен автобус со тајландски ученици на екскурзија загинаа 23 лица на автопат во предградие на Бангкок. Тоа беше најтешката сообраќајна несреќа забележана во Тајланд во последните десет години.
🇹🇭 At least 18 people have been killed and more than 30 injured in a tour bus accident in #Thailand. pic.twitter.com/cgv1a5HkaB
— News.Az (@news_az) February 26, 2025