ВИДЕО Алармантна состојба во скопско училиште, стаорци шетаат низ дворот и училниците

Родителите на учениците од основното училиште „Панајот Гиновски“ во скопската општина Бутел изразуваат загриженост поради сериозни проблеми со хигиената во училиштето. Според нивните сведоштва, глувци биле забележани не само околу училиштето, туку и во неговата внатрешност.

Некои родители најавуваат дека ќе ги задржат своите деца дома сè додека не се преземат конкретни мерки за решавање на проблемот. Дополнително, посочуваат дека санитарните простории се во особено лоша состојба и не обезбедуваат основни хигиенски услови.

На видео објавено од ТВ21 се гледа како глувци слободно се движат низ дворот додека учениците се во близина.

Видеото може да го погледнете тука:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното