За голфери кои се собраа на патека во американската сојузна држава Мисисипи, играта беше прекината од алигатор кој одеднаш дојде до нивниот двор.
Имено, еден од играчите ја удрил топката кон водата, по што опасното животно излегло на брегот. Она што тогаш го направи алигаторот ги изненади сите присутни.
Имено, тој се приближи до топката и ја зграпчи со забите по што се оддалечи со неа и цело време додека се враќаше во водата ја држеше топката во устата.
Видеото е направено пред две недели, а на социјалните мрежи го сподели сопругата на еден од голферите. Во позадина може да се слушнат изненадени играчи кои ги коментираат постапките на дивото животно.