ВИДЕО Aвтомобил влета во демонстранти на автопатот, има повредени

На автопатот кај центарот Сава автомобил удрил во група млади луѓе кои го блокирале автопатот. Возачот на автомобилот не застанал и тргнал право.

„Автомобилот ме носеше мене и мојот другар на хаубата, додека не паднавме, на едното момче му беше скршена ногата, чекаме итната помош“, изјави еден од учесниците, кој беше удрен од автомобилот.

Се вчитува...

Како што јавува нашиот репортер, уште едно лице со автомобил е пренесено во Итната помош.

Тој автомобил, кој удри во демонстрантите, наеднаш тргна од мирување, носејќи неколку од нив на хаубата на неколку метри, додава нашиот репортер.

Демонстрантите се обидувале да направат премин за брза помош, а возачот на тој автомобил го искористил тоа и сакал да помине низ блокадата. Откако ги удри демонстрантите, не застана.

Сличен обид малку подоцна направил уште еден автомобил, но граѓаните успеале да го сопрат.