Вицепремиерот Фатмир Битиќи утрово беше во посета на фабриката „Пофикс“, Тој во изјава за медиумите за пожарот во Тетово рече:
„Што да кажеме е катастрофа што му се случи на бизнис на најголемите бизниси во Македонија, среќата е што нема жртви во луѓе има голема материјална штета, велиме дека заедно ќе се обидеме да ја санираме и мислам дека ова беше случај кој всушност треба да биде поука за сите други, затоа што треба да бидеме заедно и во време кога се инвестира и во тешки времиња“, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи.