БРИТАНСКАТА водителка Кејт Лолер сподели видео на кое се прикажува ситуацијата од јавниот превоз. Таа сето тоа го објави на Инстаграм, а видеото изгледа доста ги насмеа нејзините следбеници.
“Ја заборавив маската за лице, но во ранецот најдов две хигиенски влошки. Не судете. Или ова или омикрон”, напишала таа во видеото и додала смешен опис.
„Да ми кажевте во јануари 2020 година дека за две години ќе залепам две хигиенски влошки на лицето за да направам импровизирана маска во возот, ќе мислев дека сте пијани“, додаде таа во описот на објавата.
Во коментарите ја контактирале следбеници кои биле насмеани од видеото, но и на кои им се допаднала нејзината снаодливост.
„Се надевам дека купила влошки со мирис“, „Ми го поправивте денот со ова!“, „Ова многу ме насмеа“, „Браво за вашата снаодливост!“ се некои од коментарите.
