Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи на раскрсницата кај зградата „Нова Македонија“, јавува репортерот на 4NEWS.mk
За тежината на несреќата, како нем сведок на раскрсницата стои возило на Брза помош со вклучени ротациони светла, а на 20-тина метри во правец кон Соборна црква и цивилен автомобил.
Возилото на брзата помош според наши извори, се движело во насока кон Клиничкиот центар и било со вклучени светлечки светла. Инаку со кумановски регистарски ознаки.
Не јасно е во моментов дали има повредени лица во тешкиот инцидент и како дошло до несреќата. Според присутните, причината е првенството на минување.
Неофицијално дознаваме дека возилото патувало од Куманово со пациент, а по судирот со автомобилот, три пати се превртувало возилото на Брзата помош. Очевидци веднаш ја повикале скопската Брза помош и полиција со цел повредените да бидат префрлени.
Раскрсницата е блокирана, а сообраќајот го контролира и пренасочува полицијата. На терен се експерти кои треба да утврдат како дошло до несреќата.