Свет

ВИДЕО: Драма на небото, авион цел час кружеше над градот, пламен излегува од моторот

ВИДЕО: Драма на небото, авион цел час кружеше над градот, пламен излегува од моторот

Десниот мотор на Боинг 787-9 Дримлајнер со кој управува кинеската авиокомпанија „Хаинан ерлајнс“ се запали утринава веднаш по полетувањето од аеродромот Фиумичино во Рим, соопшти претставник на аеродромот.

Авион кој летал за кинескиот град Шенжен се вратил и безбедно слетал откако излеал гориво над морето, објави Ројтерс.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот, рече функционерот, додавајќи дека нема доцнења на аеродромот Фиумичино.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како авионот е во воздух и пожарот се шири во близина на десното крило.

Авионот го обиколи 11 пати и остана во воздух 50 минути пред пилотот да одлучи да слета.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни