Тиктокерот Сер Картер, кого на социјалната мрежа го следат повеќе од четири милиони луѓе, сподели видео од теретана.
Тој го снимил моментот кога една девојка бара од него да престане да ја гледа.
Додека се снимаше како пее додека вежба, девојката му пријде и му рече: „Извинете, би ценела доколку престанете да ме гледате“. Сепак, се чини дека таа не го очекуваше неговиот одговор.
„Девојко, го гледам твоето момче“, одговорил тиктокерот. Под видеото кое собра 10 милиони прегледи, има многу коментари во кои луѓето споделуваат слични искуства.
Сер Картер потоа рече дека всушност девојката во теретана го зјапала и дека дури ја фатил како го гледа и му шепоти нешто на нејзиното момче.
Тиктокерот тврди дека откако девојката ја напуштила теретаната, нејзиното момче му пришло и го прашало дали може да му се придружи на тренингот.
@sirthestar GIRL you dont have the right “facilities” fa me 💅🏾🌈😩 #storytime #gym #gymtok #gay #lgbtq #foryou #foryoupage ♬ original sound – Sir Carter
