Етна завчера постојано исфрлала лава дури до висина од 150 метри, според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), со потсетување дека вулканот кон крајот на јули повторно се разбуди, јавува АП.
Вулканската активност вчера продолжи, а Етна исфрлаше пепел повеќе стотици метри во воздухот над кратерот.
Немаше евакуација во градовите на падините на Етна.