Македонија

ВИДЕО+ФОТО ГАЛЕРИЈА: Нов пожар во стари бараки, овој пат во Кисела Вода

ВИДЕО+ФОТО ГАЛЕРИЈА: Нов пожар во стари бараки, овој пат во Кисела Вода

„Ова веке премина во пракса и мора да се стави крај“, ни рече еден од жителите кој од својата тераса на првиот гледаше како горат стари бараки близу Рампа во Кисела Вода.

Пожарот избувна по 11 часот и 30 минути, а на терен веднаш се излезени екипи на противпожарната единица (ТТПЕ) на Град Скопје. По пристигнувањето веднаш се соочија со првите проблеми. Насекаде паркирани автомобили, со што речиси целосно беа блокирани пристапите за цистерните со вода.

Набрзо пристигна пајак служба која ги дислоцираше автомобилите со цел да можат екипите на ТППЕ да го гаснат огнот.

Полицијата освен што го регулираше сообраќајот на една од најфрекфентните раскрсници во Скопје, мораше и да ги замолува граѓаните да влезат во своите домови поради густиот чад и загаденот од пожарот.

Граѓаните со кои разговаравме велат пожарот букнал одеднаш.

„Кафето ми остана горе неиспиено. Само што го сварив, кога гледам гориме. Мислев дека нашата зграда гори и веднаш се симнав“, ни рече една од преплашените повозрасни жени кои беа надвор.

Тие ни посведочија дека речиси секоја вечер во бараките имало лица кои не биле сопственици, а се сомневаат дека тоа било место за конзумирање на дрога.

Ова не е прв случај, стари бараки да горат во Скопје, а потоа да забележиме дека по извесно време тука никнува зграда. Веќе до овие бараки има маркица и одобрение за градба на зграда.

Истрагата ќе треба да ги утврди причините за пожарот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни