ВИДЕО Голем пожар во Холандија, изгореa десетина згради – засега нема повредени

Голем пожар денеска избувна во центарот на холандскиот град Арнем, кој брзо се прошири и зафати десетина згради, а сè уште не е ставен под контрола, соопшти портпаролот на противпожарната бригада.

Пожарот најпрво избувнал во една продавница, а потоа се проширил и на другите, а целиот историски дел од центарот на градот бил блокиран, пишува NL Times.

Засега нема информации за повредени, но пожарникарите поради интензитетот на пожарот не успеале да ги пребараат сите запалени куќи.

Пожарот зафатил стари куќи од 18 и 19 век, со дуќани на приземје и станови горе.

Изгореа десетина продавници и станбени блокови, изјави локалниот претставник Рене Бирман.

Полицијата и пожарникарите прават напори да ги евакуираат сите загрозени жители. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани околу 150 пожарникари.

Портпаролот на полицијата изјави дека пожарот најверојатно довел до испуштање на азбест, па локалните жители биле предупредени да не ги отвораат вратите и прозорците.

Градската општина ги отвори своите простории за прием на евакуирани, а засега таму засолниште побарале педесетина луѓе.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното