Густ чад се издигна над Прилеп попладнево, а според првичните информации од Дирекцијата за заштита и спасување, во пожар се зафатени купишта отпад на влезот во градот.
Станува збор за локација каде што локални жители подолг период фрлале ѓубре, кое во моментов гори. Противпожарната единица од Прилеп е излезена на терен и интервенира во гаснењето на пожарот, информираат од ДЗС.
Од Дирекцијата додаваат дека во моментов низ земјата се активни околу 15 пожари, од кои најголемиот дел се на диви депонии и купишта отпад.