Свет

ВИДЕО Големи поплави во Кина: 15 реки над предупредувачкиот праг, спасувачи евакуираат жители

ВИДЕО Големи поплави во Кина: 15 реки над предупредувачкиот праг, спасувачи евакуираат жители

Обилните врнежи предизвикаа сериозни поплави во кинескиот регион Гуангси, каде што голем број населени места се соочуваат со надојдени води и поплавени сообраќајници. Кинеските метеоролошки служби предупредуваат дека временските услови може дополнително да се влошат во наредните денови.

Според CCTV, водостоите на 15 реки го надминале нивото за кое се издаваат предупредувања, зголемувајќи го ризикот од нови поплави и излевања.

Телевизиските снимки прикажуваат поплавени патишта и населени места, додека спасувачките екипи се движат низ вода длабока до колена и со гумени чамци евакуираат жители од погодените подрачја.

Надлежните служби се на терен и ја следат состојбата, додека граѓаните се предупредени да бидат внимателни поради најавите за нови обилни врнежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни