Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на места може да изгледа заматено.

Според актуелните метеоролошки прогнози, сахарската прашина ќе биде присутна над земјава од денеска, 28 август, а нејзиното присуство се очекува и во текот на продолжениот викенд, односно на 29 и 30 август.

Поради ситните честички во атмосферата, времето може да се чувствува уште помачно и поспарно, додека видливоста и изгледот на небото на одредени места може да бидат променети.

Истовремено, Македонија останува под влијание на многу топла воздушна маса од Африка. Денеска температурите на места се очекува да достигнат и до 40 степени, а во попладневните часови локално се можни пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Присуството на сахарска прашина и песок над земјава се очекува да продолжи и во текот на викендот, паралелно со високите температури и нестабилноста во попладневните часови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни