Во Калифорнија гори една од најголемите фабрики за производство на батерии за складирање енергија од обновливи извори на енергија, а локалните власти делумно го евакуираа населението.
Властите на округот Монтереј издадоа наредби за евакуација во четвртокот вечерта, откако избувна пожар во складиште за батерии на Вистра Енерџи, а се подготвуваат евакуации долж централниот брег.
Фабриката, која се наоѓа на околу 124 километри јужно од Сан Франциско, е во сопственост на Vistra Energy од Тексас и содржи десетици илјади литиумски батерии.
A fire broke out at the Moss Landing Power Plant on Thursday, prompting firefighters to respond. Social media reports mistakenly claimed that the nearby Tesla battery factory was also on fire; however, the facility is operated by Vistra Energy. The Elkhorn Battery Energy Storage… pic.twitter.com/ZITHeaLDQw
— Shadow Prince (@AnimeAlchemy24) January 17, 2025
Овие батерии се клучни за складирање на енергија од обновливи извори како соларни панели, но може да биде исклучително тешко да се изгаснат пожарите што се појавуваат кога ќе се запалат поради хемиските својства и составот на литиумските батерии.
„Вистра енерџи“, која ја поседува електраната „Мос Лендинг“ на природен гас и соседниот објект за литиум-јонска батерија на брегот на округот Монтереј, потврди за американските медиуми дека во четвртокот попладне избувнал пожар во една од нејзините капацитети за производство на батерии и дека персоналот бил евакуиран од локацијата. Поради опасност од ширење на пожарот, повеќе од 1.500 цивили се евакуирани од непосредна близина на фабриката.
„Причината за пожарот се уште не е утврдена, но истрагата ќе започне откако пожарот ќе биде изгаснат“, изјави портпаролката на компанијата Џени Лајон.
One of the largest lithium battery facilities in the world is currently on fire in California 🚨
It appears to be an isolated incident. There is no doubt this will have a significant impact on Tesla and could be a message to Elon Musk ⚠️ pic.twitter.com/TZwV2e5bYJ
— Matt Wallace (@MattWallace888) January 17, 2025
Шерифот на округот Монтереј претходно им рекол на жителите да ги затворат прозорците како мерка на претпазливост. Калифорниската полиција затвори дел од автопатот што минува покрај фабриката.