Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потсети дека Градскиот парк е срцето на градот, место каде жителите можат да уживаат во природата и да се релаксираат од секојдневниот ритам.
Во моментов се изведуваат активности за уредување на пешачките патеки, со поставување на бела ризла, како и обновување на урбаната опрема, вклучувајќи нови клупи и канти за отпадоци.
Паркот ќе биде дополнително збогатен со садење нови дрвја, со цел да се создаде похумана и позелена средина за сите граѓани.
„Да го чуваме и да уживаме во него, затоа што ова е наше заедничко богатство кое треба да го оставиме и на идните генерации“, порача градоначалникот Ѓорѓиевски.
Овие активности се дел од пошироката стратегија на Град Скопје за унапредување на јавните зелени површини и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
