Хамас го загуби своето влијание во северниот дел на Газа, објави синоќа портпаролот на израелските одбранбени сили, контраадмирал Даниел Хагари, за време на вечерниот брифинг за напредокот на војната против терористичката организација која владее со палестинската енклава Појасот Газа.
Војната започна на 7 октомври кога Хамас изврши терористички напад во јужен Израел, при што загинаа 1.400 луѓе, а беа заробени повеќе од 240, вклучувајќи доенчиња и деца.
Терористите изгубија контрола во северниот дел на енклавата откако значајните копнени сили поддржани од воздухопловните сили и морнарицата ја продлабочија операцијата во кампот Шати, главното упориште на Хамас во северниот дел на Појасот Газа, во близина на срцето на градот Газа, изјави портпаролот.
ביממה האחרונה החל צה"ל להלחם בכוחות משמעותיים בתוך מחנה שאטי. כחלק מהפעילות חשפו הכוחות תשתיות טרור וחיסלו מחבלים.
באחד מן הקרבות, לוחמי צוות קרב חטיבתי גבעתי, זיהו אוכלוסייה אזרחית במבנה, הכוחות אפשרו לאזרחים להתפנות באמצעות ציר מאובטח >> pic.twitter.com/ohFi2lNrkS
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) November 12, 2023
Вчера, заедно со израелските безбедносни сили, ИД ги уби терористите кои планираа во Газа да извршат терористички напади во Јудеја и Самарија ( т.е. на Западниот Брег ), рече и контраадмирал Хагари.