Нема бензиска станица во Скопје и низ Македонија каде што вечерва нема колони. Прилината е јасна, секој брза да наточи гориво за 9 денари поевтино.
Ова следува откако Владата не ги продолжи мерките кои претходно ги донесе за да влијае врз цената на нафтените деривати.
Од утре повторно ДДВ-то ќе биде 18% наместо досегашните 10%
Се враќа и акцизата преку која во зависност од берзата, цената се намалуваше од 1 до 3 денари.