ВИДЕО Хаос во српското собрание, се користеа вувузели, се фрлија димни бомби…

Тотален хаос се случи попладнево во српското Собрание кое стана сцена на голема битка меѓу опозицијата и власта.

Додека од една страна прогресивците се обидуваат да донесат низа закони пред да ја објават оставката на премиерот Милош Вучевиќ, опозицијата прави се за да ја спречи владејачката коалиција во таа намера.

Се користеа вувузели, се фрлија и димни бомби, а леташе и бел прав.

На терен има и десетици полицајци во цивилна облека, припадници на Единицата за безбедност.

На новинарите не им беше дозволено да влезат во салата, а седницата беше прекината и низ зградата се чувствува мирис на чад кој ги „штипка“ ноздрите и очите.

Дел од пратениците од опозицијата ја напуштија собраниската сала.

Потпретседателот на Националното движење на Србија и пратеник Ѓорѓе Станковиќ на својот Инстаграм профил објави снимка на која се гледаат пратеници од опозицијата во Народното собрание на Република Србија како користат противпожарни апарати за да ги посипуваат владините претставници со бел прав.

„Сега Вулин е задоволен… Сега е во БЕЛО! За состојбите во државата и во парламентот е одговорна само ВЛАДАТА или СНС!!!!“, напиша Станковиќ на Инстаграм.

На снимката што ја сподели пратеникот, може да се види основачот на Социјалистичкото движење и пратеник Александар Вулин покриен во бел прав.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното