Околу 500 американски Евреи, меѓу кои и дваесет рабини, беа уапсени откако упаднаа во зградата на американскиот Конгрес за време на протестот против израелско-палестинската војна.
Еврејскиот глас за мир, една од организациите зад протестот, рече дека тоа е „најголемиот еврејски протест во знак на солидарност со Палестинците во историјата на САД“ и додаде дека полицијата на Капитол „ги искинала транспарентите „Мир сега“ што ги носеа демонстрантите.
Покрај тие транспаренти, демонстрантите носеа и маици „Не во наше име – Евреите велат сега примирје“ и кажуваа и пееја молитви на хебрејски, велат од организацијата.
Да потсетиме, повеќе од 300 демонстранти упаднаа во зградата на Капитол Хил во Вашингтон, барајќи прекин на конфликтот во Појасот Газа. Протестот, заеднички организиран од организацијата Еврејски глас за мир (ЈВП) и групата Ако не сега… започна напладне пред зградата на Капитол Хил.
Во зградата се сместени неколку канцеларии на Претставничкиот дом и Конгресот на САД, а полицијата на Капитол веднаш објави дека не се дозволени демонстрации во конгресните згради.
NOW – Pro-Palestine crowd inside and outside the U.S. Capitol.pic.twitter.com/n844w7zVyb
— Disclose.tv (@disclosetv) October 18, 2023
Демонстрантите го повикаа Конгресот да преземе акција за да се стави крај на војната меѓу Израел и Хамас.
Откако Хамас започна напад на израелска територија претходно овој месец, администрацијата на Бајден во голема мера ги оправда воздушните напади на Израел врз Газа.
Меѓутоа, како што се зголемува бројот на жртвите во Појасот Газа, се зголеми притисокот во Конгресот врз претседателот Бајден да го повика Израел на воздржаност, пишува порталот The Hill.