Хеликоптер кој е во сопственот на Министерството за внатрешни работи токушто пристигна во Тетово.
Не е јасно во моментов кој пристигна со него, но претходно беше побарано од општината вклучување на хеликоптер за гаснење на пожарот.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, се очекува помош и од ТАВ Македонија кои треба да испратат специјални возила со специјална пена која помага во гасењето на пожари од ваков тип.
„Хеликоптерот е тука но се уште постои разногласие дали треба да се интервенира од воздух“, изјави на пладне директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.