Во помен на 20-годишниот Павел Христов кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска херојот Јован и другарите возеа.
Павел Христов, роден во 2004 година, е едно од имињата што засекогаш ќе остане запаметено како вистински херој од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Иако неговото име не беше меѓу првите споменати, ова момче четирипати влегувало во запалениот локал, враќајќи се по своите врсници, за да им помогне да излезат живи.
„Во целиот хаос, не се заштитил себеси. Преовладуваше неговата хуманост. Не размислуваше што може да му се случи,“ раскажуваа неговите другари.
Во време на загуба, тага и недоверба, постапките на Павел се светлина што треба да не води. Не барал ништо. Не чекал инструкции. Само реагирал – човечки, храбро, херојски.