Балкан

(ВИДЕО) Хорор во Загреб: Експлозија ги разбуди жителите, едно лице загина – полицијата на терен

(ВИДЕО) Хорор во Загреб: Експлозија ги разбуди жителите, едно лице загина – полицијата на терен

Едно лице загина , а друго е спасено по експлозијата во населбата Трнско во Загреб.

Починатиот бил пронајден во ходникот од станот на третиот кат, додека другиот е спасен и предаден на Брза помош.

Како што рекоа загрепските пожарникари, граѓани во 6:32 пријавиле дека од еден од долните катови кон четвртиот кат излегува чад. „Засега од засега неутврдена причина избувнал пожар при што едно лице загинало и експлодирала плинска боца.

На уште две лица им била укажана лекарска помош поради вдишување чад, додека други повредени нема. Истрагата е во тек“, известува загрепската полиција.

 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни