Малиот остров Галешњак, попознат како „Островот на љубовта“ или „Островот на љубовниците“, се наоѓа недалеку од хрватскиот град Задар, на Јадранското море.
Овој остров е ненаселен и е идеална дестинација за дневни патувања на вљубените парови, меѓу другото, и поради својот облик на срце.
Картографот на Наполеон, Шарл-Франсоа Бјутемпс-Бопре нацрта совршена форма на срце на картата на хрватскиот брег во почетокот на 19. век, но островот на љубовта стана атракција дури во 2008 година, односно откако „Гугл Ерт“ го прогласи за едно од неколкуте природно обликувани срца – феномени.

На островот нема туристички капацитети, а целата негова површина е покриена со ниска вегетација.
Посетителите овде може да очекуваат мир и тишина прекината само поради звуците на брановите и штурците.
До брегот на островчето може да се стигне и од островите Турањ, Пашман, но и од Задар.
Во сезоната се достапни и многу тури и крстарења, во облик на дневни патувања.
Читај и ова:
- 1.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 2.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 3.Соседите спасија четири деца од запалена куќа: Пожарникарите им честитаа!
- 4.Возеле цик цак на автопатот Тетово-Гостивар – полицијата ги застана и во возилото им пронајде кокаин и пари!
- 5.Дневен хороскоп за 5 октомври 2025 година