Легендарниот американски поп и џез пејач Тони Бенет почина на 96-годишна возраст, објавија светските медиуми.
Бенет е познат по песните како што се The Way You Look Tonight, Body and Soul и (I Left My Heart) In San Francisco.
Тој, исто така, соработуваше со ѕвездени изведувачи, од Лејди Гага до Арета Френклин и Френк Синатра, кој го нарекува „најдобриот пејач во бизнисот“.
Во текот на неговата осумдецениска кариера, пејачот продаде милиони плочи и освои 20 Греми награди, вклучително и награда за животно дело.
Неговата смрт ја потврди неговата публицистка Силвија Вајнер во изјава за Асошиетед прес.
Таа известува дека тој починал во родниот град Њујорк. Нема конкретна причина за смртта, но во 2016 година на Бенет му беше дијагностицирана Алцхајмерова болест.