Разорен земјотрес го погоди Мјанмар во петокот, а земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван на илјадници километри – во Тајланд, Кина, Индија.
Спасувачките служби трагаат по преживеани, а се стравува дека конечниот број на загинати ќе надмине неколку илјади.
На социјалните мрежи се шират снимки од тресењето. Снимка од град во кинеската провинција Јунан покажува како водата од базенот сместен на врвот на зградата во големи количини паѓа врз минувачите на улицата, што доволно говори за интензитетот на земјотресот кој беше почувствуван во радиус од неколку илјади километри од епицентарот во Мјанмар.
People were swept away by water that fell from a rooftop swimming pool during the 7.7 earthquake in Yunnan, China#sismo #temblor #terremoto pic.twitter.com/yfSwkmV2yX
— Disasters Daily (@DisastersAndI) March 28, 2025