ВИДЕО Илон Маск крева палци за време на говорот на Трамп, Барон не заинтересирано ракоплеска!

На социјалните мрежи се шири вирална снимка од инаугурацијата на Доналд Трамп, а главни ѕвезди се милијардерот Илон Маск, кој го поддржуваше Трамп во претседателската кампања и најмладиот син на Трамп, Барон.

Откако Трамп положи заклетва, тој одржа говор во Капитол. Трамп го спомена патувањето со екипаж на Марс како една од целите на неговата администрација, велејќи дека Американците ќе го засадат американското знаме на планетата за време на неговата администрација. Воодушевениот Маск, кој стоеше до Барон, го подигна палецот и се насмеа.

Почна исмејувањето

Гледачите забележале дека Барон ракоплеска и незаинтересирано го слуша делот од говорот кој го воодушевил милијардерот, а набрзо почнале и исмејувањата на Х.

„Барон Трамп изгледаше како да се плаши да биде првиот човек испратен на Марс“, „Барон Трамп не се грижи за Марс додека стои до Илон Маск“, „Ми се допаѓа ентузијазмот на Барон“, „Барон изгледа постар и посериозен од Маск, lol“ и „Ќе претпоставам дека Барон Трамп не е обожавател на Илон Маск од она што штотуку го видов на камерата lol“, напишаа тие.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното