Свет

ВИДЕО: Интерпол бара помош! Со години се обидува да го открие идентитетот на 22 убиени жени

ВИДЕО: Интерпол бара помош! Со години се обидува да го открие идентитетот на 22 убиени жени

22 убиени жени чии имиња остануваат мистерија – Интерпол почнува голема операција за идентификација на жртвите. Нивните тела беа пронајдени во Холандија, Белгија и Германија помеѓу 1976 и 2019 година. Операцијата беше насловена „Познај ме“.

Полицијата во трите европски земји бара помош за откривање на идентитетот на 22-те убиени жени. Интерпол за прв пат објави ваков список за идентификација на телата, пишува Би-Би-Си.

Т.н црните белешки обично се дистрибуираат само внатре во мрежата на Интерпол од полициските сили ширум светот.

Еден од случаите е нерешено убиство на жена во Амстердам, која беше пронајдена во корпа за отпадоци во река во 1999 година. Таа беше застрелана во главата и градите.

Полицајката Карина ван Леувен се обидува да ја реши мистеријата од 2005 година. Откако ги исцрпила сите напори, таа и еден колега контактирале со полицијата во соседните Германија и Белгија и дознале за многу други можни случаи на убиства со неидентификувани женски жртви.

Трите земји составуваат список од 22 случаи – седум од нив во Белгија, шест во Германија и девет во Холандија.

Повеќето од жртвите биле на возраст од 15 до 30 години. Без да се знаат нивните имиња или кој ги убил, полицијата вели дека е тешко да се утврдат точните околности на нивната смрт.

Целосната листа, која е достапна на веб-страницата на Интерпол , вклучува детали за жените, фотографии од можни идентификациски предмети како облека, накит и тетоважи, а во некои случаи и реконструкции на лицето и информации за случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни