Од засега непознати причини, дошло вечерва до инцидент во автобус со број 51. Во моментов автобусот е застанат на коловозна лента во Општина Кисела Вода, а на терен е пристигната и полицијата.
Од неофицијални информации дознаваме дека имало физички контакт меѓу дел од патниците. Нема информации дали и колку лица се повредени.
Во тек е разговор со дел од патниците во автобусот.
Извор: Инфомакс