Младата музичка ѕвезда Барбара Бобак синоќа, 28 март, одржа енергичен настап во еден клуб во Загреб, подигнувајќи ја атмосферата до максимум со своите популарни хитови.
Меѓутоа, концертот кратко беше прекинат кога за време на изведбата биле активирани прскалки. Бобак веднаш реагираше и среде пеење ги замоли организаторите итно да ги исклучат:
„Исклучете ги ова веднаш!“, извикала пејачката, по што прскалките биле веднаш изгаснати.
По оваа кратка интервенција, настапот продолжил во позитивна атмосфера, а публиката дополнително ја поддржала реакцијата на пејачката.
Овој потег на Бобак доаѓа во период кога јавноста во регионот е особено чувствителна на вакви ефекти по трагедијата во Кочани, каде пожар предизвикан од пиротехнички средства однесе 59 животи. Со оваа реакција, пејачката покажа не само одговорност и грижа за безбедноста, туку и почит кон жртвите од неодамнешната трагедија.
Во дискотеката Пулс во Кочани загинаа 59 лица откако објектот кој не исполнувал ниту еден од стандардите се запали по користење на пиротехника.